Голем е интересот да се биде советник, рекордни шест листи за советници на локалните избори во Виница

0

На овие локални избори во Виница граѓаните на Општина Виница ќе имаат избор, кога станува збор за бројноста на понудите за советници, како никогаш досега. Дури шест листи за советници се пријавени во општинската изборна комисија. Гоце Василев ќе биде носител на фаворитската листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Зоран Стоименов на листата поднесена од СДСМ, Иван Александров на листата на Левица, Дарко Гоцевски ќе биде носител на листата на ЗНАМ, Ацо Митев на листата поднесена од ЛДП и ГРОМ и Ефтим Јовановски од партијата Единствена Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *