Прволигашки засилувања за Слога

Екипата на Слога продолжува да го засилува ростерот за престојниот дел од сезоната во Третата Македонска лига и баражот за Втора лига кој сите го очекуваат. Викендот од Слога ги соопштија најзвучните имиња кои досега пристигнаа во Виница во зимскиот преоден рок. Станува збор за 33-годишниот искусен фудбалер со меѓународно и прволигашко искуство, Петар Љамчевски кој во Македонија има настапувано за најзвучните имиња во македонскиот фудбал како Вардар, Пелистер и Силекс. Како и за младиот и талентиран и доскорашен репрезентативец на Македонија У-21, Виктор Крстевски кој дојде од редовите на Гостивар, а дресот во својата кариера го носеше и на Брегалница, Пелистер и Вардар. Слога викендот го одигра и првиот контролен натпревар со второлигашот Саса од Македонска Каменица, кој заврши 0:0 пред бројната виничка публика на градскиот стадион во Виница.
