Македонија 15-та светска сила во ракомет

Со пораз од претендендот за златен медал Франција од 32:25, Македонија го заврши настапот на 29-от светски мундијал во ракомет како 15-та репрезентација во светот. Како 4-ти во вторта група од главната фаза и скор од 2 победи 2 нерешени и 2 порази, избраниците на Кире Лазаров оставија добар впечаток на ова светско првенство. Добрите игри и резултати на 3-та најмлада репрезентација на овој шампионат претставуваат голем успех и најавуваат светла иднина на македонскиот репрезентативен ракомет. Следен предизвик на македонските ракометари се квалифакциите за европското првенство кои продолжуваат во средината на март, а за пласман на Македонија на европскиот собир кој ќе се одржи наредната година е потребно да завршиме на првите 2 места во групата во која противници ни се Словенија, Естонија и Литванија.