Потребно ли е и во Виница засилени сообраќајни контроли!? Во Скопје само за една вечер биле санкционирани 360 возачи

Поради зголемениот број на жртви во сообраќајот на територијата на Република Македонија, во главниот град веќе неколку денови полициски службеници спроведуваат засилени сообраќајни акциски контроли. Како што соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски само во текот на една вечер санкционирани се 360 учесници во сообраќајот, од кои 29 возачи управувале без возачка дозвола, 4 управувале под дејство на алкохол, 79 возачи возеле со брзина поголема од дозволената итн. Минатата недела и во Виница се случи сообраќајна несреќа во која беа повредени дури 6 лица, од кои едно посериозно, но за среќа сообраќајката беше без човечки жртви. Останува да видиме дали покрај главниот град засилените сообраќајни акциски контроли ќе се спроведуваат и во другите градови.