Ах! Каде е тој принц

Следува претстава на која ќе земат учество 60 ученици од општинските основни училишта и средното општинско училиште „Ванчо Прке“, по сценарио на проф. Гоце Данилов.
Проф. Гоце Данилов изјави дека претставата е по нивно лично сценарио и со неа имат за цел да ја збогатат новогодишната атмосфера и еуфорија, како и збогатување на културниот живот на младите и развој на нови таленти од областа на музиката и актерството.
Посакуваме многу изведби на претставата и голем број на задоволна публика.