Советот на Општина Виница ќе одржи вонредна седница по повод ужасниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денес од 15:00 часот е закажана вонредна седница на Советот на Општина Виница со две точки на дневен ред. Првата точка е одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите од Виница во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Втора точка е покривање на трошоците за погреб на трагично загинатите наши сограѓанки Моника и Ана.