Изградба на две нови улици во село Градец

Во петокот започнаа земјените работи и припрема за асфалтирање на две улици во село Градец од страна на Општина Виница. Се работи за улици кои иако се наоѓаат во централното подрачје во село Градец не беа асфалтирани и конечно повеќе од дваесетина семејства ќе добијат асфалт. Изградбата на овие улици се финансирани со средства од Буџетот на Општина Виница.