Доделени стипендија за високо образование и плакета за покажана храброст и хуманост на младиот херој Јован

0

Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков се сретна со младиот Јован Костадинов кој со својата храброст и пожртвуваност спаси двасетина лица во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Неговиот потег и неговата храброст никогаш нема да бидат заборавени, неговиот пример секогаш ќе не инспирира за да бидеме подобри, посилни и похрабри“ објави Градоначалникот после средбата. На самата средба на Јован беше доделена стипендија за високо образование од Општина Виница во рок од 4 години по 6.000 денари месечно, како и плакета за покажана храброст и хуманост и теракотна икона од Музеј „Теракота“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *