Aсфалтирање на улица „Иво Лола Рибар“ во Виница

Во текот на вчерашниот ден се асфалтираше улица „Иво Лола Рибар”, која не беше реконструирана повеќе од 20 години и беше една од најоштетените улици во Виница, објавија од Општина Виница. Финансиските средства во износ од 2,6 милиони денари, со кои е опфатено и асфалтирање на улица „Македонска “, 50% се обезбедени од Буџетот на Општина Виница, а 50% од Буџетот на Министерството за транспорт за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите. За денешниот ден е најавено и асфалтирање и на улица “Македонска”.