Ноќно обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација во Виница

Општина Виница започна со ноќно обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација во Виница. Како што информираат од општината станува збор за редовна активност за обележување и одржување на хоризонтална сигнализација на јавните патишта и улици во Виница заради поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. Со оглед на фактот дека воспоставената практика на денско обележување на хоризонталната сигнализација не ги дава посакуваните резултати, обележувањето на хоризонталната сигнализација во вечерните часосви која ќе продолжи и во наредните денови би требало да даде поголем ефект.