Општина Виница заедно со компании и производители на храна учествуваа на саемската манифестација „Храната од општините“

Овој викенд претставници на Општина Виница заедно со компании и производители на храна и мед, учествуваа на дводневниот настан “Храната од општините”, кој се одржа во Општина Аеродром. Основни цели на оваа саемска манифестација се поддршка на домашното производство, унапредување на економијата и развој на туризам. Од Општина Виница се заблагодарија до саемските учесници кои одлично се промовираа и претставија на манифестацијата, а со тоа ја промовираат и општината.