Асфалтирање на неколку локации во Виница и населените места

Во тек е градежна офанзива и во летниот период во Виница и населените места. Откако целосно се реконструираше и прошири влезот во село Лески во должина од 600 метри, со градежните работи се продолжи во Виница. Реконструирани беа дел од улиците „Димитар Герасимов Дидо“ и „Крушевска Република“, а во тек се припреми за асфалтирање на улиците “Мајка Тереза” и “Киро Глигоров”. Финансиските средства на овие проекти се обезбедени од буџетот на Општина Виница.