Денес изложба „Пафти, токи и колани“ во организација на Музеј „Теракота“ – Виница

0

Како дел од програмата на Општина Виница за одбележување на „81 година Слободна Виница“ денес со почеток од 13:00 часот вредни примероци на накит од етнолошката збирка на Заводот и музеј – Штип денеска ќе бидат поставени на изложбата „Пафти, токи и колани“, во изложбениот простор во Дом на културата „Тошо Арсов“ – Виница. Изложбата содржи оригинални занаетчиски изработки и впечатлив накит на народната женска носија, но и дополнителен украс на градската облека што се носеле во 19 век па сè до средината на 20 век. Кај овие украси се забележува богата орнаментика со различна симболика и значење преку која се препознаваат верските определби и народните верувања. Предметите кои се изработени од метал се дело на вредните и креативни, врвни занаетчии-кујунџии и филигрански мајстори, додека украсните предмети изработени од ситна монистра во наниз или гобленски бод со прекрасни растителни и геометриски орнаменти се дело на вредните и уметнички раце на жените и девојките. Повеќе од половина век овој накит не се употребува, но останува во музејските поставки да сведочи за едно минато време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *