Митко Костадиновски кандидат за Градоначалник на Виница од ВМРО ДПМНЕ

0

Началникот на Шумската Полиција на Република Македонија и претседател на ОК Виница, Митко Костадиновски е кандидат за Градоначалник на Општина Виница од редовите на ВМРО ДПМНЕ! Како актуелен началник на Шумската полиција на РМ го подигна нивото на професионалност и довербата во оваа институција со многуте организирани контроли и акции на територијата на целата држава и бескомпромисната борба со шумската мафија. Митко Костадиновски исто така во два мандати беше и советник во Советот на Општина Виница со што има искуство и познавање во работењето на локалната самоуправа. Како претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Виница во периодот од 2017 до 2025 година го предводеше истиот во 5 убедливи изборни победи по ред во Виница (2 парламентарни, 2 претседателски и 1 локални избори). Митко Костадиновски е човекот кој ќе продолжи со водење на локалната самоуправа на чесен, домаќински и одговорен начин со реализација на уште поголем број на проекти за Општина Виница со поддршка на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Соопштение од ВМРО ДПМНЕ ОК Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *