Гоце Василев носител на листата на советници на ВМРО ДПМНЕ

0

Гоце Василев е носител на листата за советници на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“. Тој е дипломиран инженер-дрвна индустрија и актуелен раководител на подрачната единица на Министетсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Виница. Гоце Василев е долгогодишен активен член на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Виница, кој поминал многу изборни кампањи и одблизу е запознаен со сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните во Општина Виница. Заедно со силниот тим на советници, составен од чесни, одговорни и одлучни луѓе, ќе продолжи со уште поголемо темпо да се бори за Општина Виница да продолжи со урбаниот развој, за општина со многу реализирани проекти, општина која ќе биде подобро место за живеење за секој еден од нас. Тргнуваме силно! Ќе ја посетиме секоја населба и село, секоја улица и маало! Ќе говориме за она што веќе го направивме, но и за најдоброто кое допрва доаѓа! Соопштение на ВМРО ДПМНЕ ОК Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *