Меѓународен Ден на волонтерите

По повод одбележување на Меѓународен Ден на волонтерите, 5 ти декември, волонтерите од Доброволното противпожарно друштво Виница одржаа показна вежба со учениците од прво одделение во ООУ „Славчо Стојменски“ Виница во спортската сала на училиштето.
Целта на оджувањена оваа вежба е да им покажат на децата дека е потребно падготвеност и желба да помогнат некому кога е тоа потребно, но и на кој начин да ја пружат потребната помош.
Во одбележување на овој ден се приклучи и ТППЕ Виница со тоа што командирот на ТППЕ Виктор Димитров им подари кабаници за дожд на сите учесници во вежбата.
„Волонтерството е доброволно давање на услуги кое е инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка и има за цел намалување на ранливиста на населението. Ние како волонтери, продолжуваме да го негуваме и поттикнуваме волонтерството заради остварување на нашите заеднички цели – да бидеме хумани и достоинствени и да им помагаме на луѓето кои се нашле во неволја.“. – во кратки црти ги запозна учениците со поимот волонтер и волонтирање претседателот на ДПД Виница Бранко Ивановски.
Светскиот ден на волонтерството е ден кој го прославуваат над 17 милони волонтери од целиот свет. Во 1985 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласило 5 Декември за Меѓународен Ден на волонтерите, со желба да се подигне свеста за непроценливото влијание кое нивните активности го имаат врз заедницата и општеството.