Меморандум за соработка на Општина Виница со Здружение ИНИ

Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков денес потпиша Меморандум за соработка со Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница, претставувано од претседателот, Тодор Цонев.
Предмет на овој меморандум е воспоставување на соработка помеѓу ИНИ Иницијатива на невработени интелектуалци и Општина Виница, а со цел меѓусебна координација, планирање, реализација и промоција на активностите за спроведување на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“.
Проектот се спроведува од страна на конзорциумот на граѓански организации Гласен текстилец (носител на проектот), додека задолжени за спроведување на проектните активности во Општина Виница е Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виниц.
Соработката ,посебно ќе биде насочена кон мобилизација и развивање на критичко и независно мислење кај жените и девојките за активно учество во креирањето на локалните политики и преземање на активна улога во решавањето на родово сензитивни проблеми во општината.