Промоција на книгата „Кајмак Стојна“

ЈОУ Библиотека ,,Ванчо Прке“ вчеравечер ја промовираше книгата „Кајмак Стојна“. Станува збор за роднокрајно дело чиј автор е д-р Јован Манчевски, издавач ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ Виница, лектор професор Марика Симова, рецензент Верица Тодорова и уредник директорката Лилјана Капевска. Делото е историски роман од подалечното минато на македонскиот народ. Во романот се застапени автентични ликови, со содржина која отсликува: љубов, борба, трагика од едно време-невреме. Романот предизвика големо внимание, а за тоа сведочеше присуството на многубројната публика. Промоцијата беше збогатена со хорот при Здружение на пензионери – Виница, кој исполни староградски и патриотски напеви, како и најновата песна посветена за Виница. Покровител на настанот беше компанијата „Макпрогрес“.