Првото новородено дете во Виница за 2025 година

0

„Ми претставува посебно задоволство што денеска го посетивме домот на првото новородено дете во Виница за 2025 година. На првиот жител во 2025 година, малиот Семин, испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството Салиови, но и на општината.
Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот“ – Градоначалник Миле Петков.
Семин Салиов е роден на 01.01.2025 година, на Акушерското одделение во Општата болница Кочани во 10 часот и 45 минути, и трето дете во семејството Салиови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *