Многу работа за ТППЕ Виница во 2024 година

Изминатата година пожарникарите во Територијалната против пожарна единица Виница се соочиле со доста предизвици. На подрачјето на Општина Виница се интервенирало дури 83 пати на пожари на отворен простор, 13 пати пожарникарите интервенирале на запалени објекти, 4 пати интервенирале на запалени возило и уште 5 пати друг вид на интервенции. Од пожарите на отворено била опожарена површина од над 167 хектари, а вкупната проценета материјална штета изнесувала 620.000 денари. Покрај гаснењето пожари, пожарникарите имале и 14 други интервенции, од кои седум биле кај сообраќајни несреќи во кои во два одделни случаја имало по едно загинато лице. ТППЕ Виница на 7 пати на повик од соседните градови интервенирале и во Кочани, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Свети Николе.