Советот на Општина Виница ќе ја одржи 38-та редовна седница

На 30.01.20225 година (четврток) е закажана 38-та седница на Советот на Општина Виница на која се најавени 28 точки за разгледување пред советниците. Од побитните точки се кварталните извештаи за финансиското работење на општината која ги има реализирани вкупните приходи во износ од 98,59% во однос на планираните, а на основниот буџет реализацијата е 97,70% или 124,9 милиони денари. Расходите на основниот буџет се реализирани во износ од 120,9 милиони денари или 94,64% од кои капиталните расходи се со реализација од 38,1 милиони денари или или одлични 88.85%. Покрај овие точки ќе се разгледуваат извештајот за работата на Локалниот Археолошки и историски Музеј „Теракота“, извештајот за реализирани активности на ОУ Дом на култура „Тошо Арсов“ и извештајот за работата на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“. На седницата ќе биде разгледан и годишниот извештај на Територијалната против пожарна единица-Виница за 2024 година и програмата за работа за 2025 година.