Соработка помеѓу компаниите во Општина Виница, СОУ „Ванчо Прке“- Виница и Општина Виница за креирање на квалификуван стручен кадар за потребите на пазарот на трудот

0

Во вторникот во просториите на Општина Виница се одржа работна средба помеѓу претставници на компаниите во Виница, средното општинско училиште „Ванчо Прке“ и Општина Виница, која имаше за цел да ја продлабочи соработката помеѓу нив за модерно и квалитетно образование, а во насока на унапредување на средното стручно образование, како и испитување на подготвеноста на компаниите за вклучување на ученици во дуалното образование и други можности за соработка. Дуалните паралелки во СОУ „Ванчо Прке“ – Виница започнаа да функционираат од учебната 2020/2021 година и веќе се забележува напредок во обликување и помагање во стручната надградба на младите, што претставува бенефит и за младите и за компаниите. Како што објавија од Општина Виница клучни забелешки од одржаниот состанок произлегле потребите за формирање на нови стручни профили во средното стручно образование кои ќе бидат насочени кон формирање на кадри од угостителско-туристичката струка, но и подигнување на капацитетите на машинската струка, како резултат на реално искажаните потреби на компаниите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *