Слога успешно ги заврши подготовките во Дојран, со тренизи и пријателски натпревари продолжува во Виница

Екипата на Слога во пресрет на продолжението на вториот дел од сезоната на Третата Македонска лига успешно ги реализираше 10 дневните подготовки во Дојран. Тренерот Грнев имаше можност да се запознае со новите фудбалери и да им даде шанса на сите фудбалери во двата контролни натпревари кои ги одиграа во Дојран против второлигашките екипи на Кожув и Вардар од Неготино, на кои извојуваше и 2 победи. Екипата продолжува со подготовките во Виница, каде во сабота ќе одигра уште еден пријателски натпревар со уште еден второлигаш, екипата на Осогово, за да на крај овој циклус на контролни натпревари го заврши со натпревар во Тетово против тимот на Тетекс.