Голеада во Тетово на пријателскиот натпревар Тетекс-Слога

Слога продолжува со контролните натпревари во подготвителниот период за продолжението на вториот дел од сезоната. После меѓународниот пријателски натпревар со ПФК Банско од Бугарија, овој пат Слога се тестираше во Тетово против славниот македонски клуб Тетекс. Натпреварот изобилуваше со многу акции, шанси и голови на двете страни и заврши со резултат 3:3. Стрелци на головите за Слога беа Христовски, Петковски и Настевски, кои стрелаа во вториот дел откако првиот дел го dоби Тетекс со 1:0. Од Слога информираа исто така дека после многуте засилувања кои дојдоа зимскиот преоден рок, одреден број на фудбалери го напуштија клубот и им се заблагодарија на сите оние играчи кои до сега ги бранеа боите на клубот.