Во понеделник ќе се одржи манифестацијата „Спортски асови за 2024 година“

Во организација на Општина Виница, манифестацијата „Спортски асови за 2024 година“ ќе се одржи во понеделник на 24.02.2025 година, во Кино салата со почеток од 18 часот. Настанот е од отворен карактер и ќе биде проследен со музички настапи на MOZZARTINO VOCAL STARS, информираат од Општина Виница. На оваа манифестација ќе бидат изберени најдобрите спортисти и спортски работници во Општина Виница за 2024 година. Познатите се и категориите за кои ќе бидат изберени најдобрите за 2024 година, тоа се најдобар спортист, најдобра спортска екипа, најдобар млад надежен спортист, најдобар спортски тренер и најдобар спортски работник.