Уапсен жител на с.Липец, откако удрил во „БМВ“ и бандера го нападнал сопственикот на автомобилот

0

Во петокот полициски службеници од МВР Виница го лишиле од слобода Б.Ѓ (60 години) од село Липец. Истиот во 19:00 часот во селото управувајќи трактор оштетил „БМВ“, а потоа откако го напуштил местото удрил во бандера. Истовремено по настанот агресивно се однесувал и го нападнал сопственикот на автомобилот Д.С и неговиот брат С.С, двајцата од село Липец. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *