Изберени надобрите спортисти, спортски работници и спортски екипи во Општина Виница за 2024 година

Вчеравечер во Кино Салата беа изберени најдобрите спортисти во Општина Виница за 2024 година. Очекувано и заслужено најпрестижната награда спортист на годината ја доби кикбоксерот Лука Земјковски, кој минатата година беше најдобар млад спортист на Виница. Оваа година најдобра млада надежна спортистка беше фудбалерката на ФК САСА и репрезентативка на Македонија до 19 години, Стефанија Веселинова. За најдобар тренер беше прогласен тренерот на кикбокс клубот „Лидер“, Дарко Гоцевски, а најдобра екипа есенскиот првак во третата македонска лига, Слога. Награди беа доделени и за најдобар млад надежен спортски работник која припадна во рацете на младиот фудбалски судија, Петар Захариев, а признание за најдобар долгогодишен спортски работник по реформирањето на Слога 1934 доби Зоран Васевски. Признание за особен придонес за развој на фудбалот во Општина Виница беше доделено и на Драгослав Здравков – Ледер. Признанија за постигнати високи резултати и промовирање на општината во областа на спортот беа доделени и на Анастасиј Гоцевски, Нина Колева, Анастасија Андонова, Нела Пертеска и Борис Митревски. Настанот беше збогатен со прекрасни музички настапи на MOZZARTINO VOCAL STARS.