Oдбележени 24 години од загинувањето на Капетан Кирчо Димитриев

Општина Виница и Организацијата на резервни офицери на Македонија ја одбележаа 24 годишнината од загинувањето на Капетан Кирчо Димитриов, 24 година од војната во Македонија и 24 година од загинувањето на 75 припадници на безбедносните сили на Република Македонија. 4 март 2001 година, многу македонски мајки ги загубија своите синови, многу македонски сопруги ги загубија своите сопрузи, а многу македонски деца ги загубија своите татковци …, тој кобен 4 Март го изгубивме и нашиот сограѓанин Капетан Кирчо Димитриов. Вечна им слава на Капетан Димитриов и на сите загинати бранители!
