Слога 1934 vs Малеш во недела од 14:00 часот, градски стадион Виница-почеток на пролетниот дел во трета лига исток

0

Екипата на Слога 1934 во недела со почеток од 14:00 часот на градскиот стадион во Виница против ОФК Малеш од Берово ја продолжува мисијата бараж за втора лига. После успешните подготовки и сериозните засилувања кои пристигнаа во зимскиот преоден рок, од таборот на Слога очекуваат победа против беровскиот третолигаш, кој во првиот дел од сезоната го совладаа со убедливи 0:3 на гостински терен. Во рамки на 10-то коло од третата македонска фудбалска лига-исток уште играат Хоризонт Турново-Дојранско езеро, Ударник-Карбинци, Светлост Зрновци-Овче Поле и Брегалница Д.-Тиверија. На табелата Слога 1934 е убедливо прва со 8 победи и само 1 пораз и 7 бодови предност пред второпласираната екипа од Свети Николе, Овче Поле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *