Верица Атанасова нова директорка на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“-Виница

0

По истекот на мандатот на досегашната директорка на Јавната општинска установа Библиотека „Ванчо Прке“, Лилјана Капевска, институцијата од почетокот на овој месец има нова директорка. Нова директорка која беше изберена на јавниот оглас распишан од Општина Виница е Верица Атнасова, која е дипломиран социолог-Професор на Универзитетот „Св. Кирили и Методиј“-Филозофски факултет-Скопје. На функцијата Верица Атанасова доаѓа од стручен соработник во ОУРЦ „Св. Климент Охридски“ Ново Село, а претходно работела и како професор по социологија во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица, наставник по граѓанско образование во ОУ „Гоце Делчев“ Виница, а работела и во приватниот сектор во фирмата Макпрогрес како асистент на извршен директор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *