Започна реконструкцијата на кровот на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во с.Јакимово

0

Од основното училиште „Гоце Делчев“-Виница информираа дека од денес и официјално започна реконструкцијата на кровната конструкција на подрачното училиште во село Јакимово. Кровот на подрачното училиште беше во многу лоша состојба и неговата реконструкција беше повеќе од неопходна. Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Министерството за образование и наука по претходно поднесена апликација од основното училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *