Плакета за покажана храброст и хуманост и стипендија за високо образование за херојот Јован Костадинов

Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков на утрешната седница на Советот на Општина Виница ќе предложи точка на дневен ред за херојот од Виница кој спаси дваесетина лица во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Се очекува советниците да ја прифатат предлог-одлуката на Градоначалникот со која ќе му се додели Плакета за покажана храброст и хуманост на младиот Јован, но и истовремено и ќе му се додели и стипендија за високо образование во износ од 6.000 денари месечно во рок од 4 години.