Реконструкција на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Македонска“

Од официјалната ФБ страница на Градоначалникот на Општина Виница информираа дека денес започнаа градежните активности на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Македонска“ за нивна реконструкција во вкупна должина од 394 метри. Вкупната инвестиција на овој проект е 2,6 милиони денари од кои 50% се обезбедени од Буџетот на Општина Виница, а 50% од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.