Асфалтирање на улици во с.Пекљани, денес механизацијата се сели во с.Крушево

Откако во неделата се асфалтираше во село Пекљани од денес градежните активности се префрлаат во село Крушево, објави Градоначалникот Миле Петков на социјалната мрежа ФБ. Понатаму пролетната градежната офанзива се очекува да продолжи во селата Липец, Блатец, Градец и Лески, за да заврши со пополнување на ударни дупки и реконструкција на најоштетените улици во Виница, објавија минатата недела од ФБ страницата на Градоначалникот. Средствата за изградбата и реконструкцијата на улици во градот и населените места се обезбедени од општинскиот буџет.