Oдбележан 8-ми април Меѓународниот ден на Ромите

0

По повод 8-ми април Меѓународниот ден на Ромите, Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков одржа средба со претставници на ромската етничка заедница од Општина Виница. На средбата беа повикани и ученици од ООУ„Гоце Делчев“, ООУ„Славчо Стојменски“ и СОУ„Ванчо Прке“ Виница, кои во изминатиот период покажале добри резултати во текот на образованието и за постигнатите резултати за најдобрите ученици од ромската заедница беа доделени пригодни подароци и пофалници. Како што истакна Градоначалникот на социјалните мрежи во изминатиов период во Општина Виница се направени голем број на активности и реализирани проекти со цел подобрување и унапредување на животот на граѓаните од Ромскате етничка заедница, а моментално се реконструираат и две улици во ромското маало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *