ФК Слога 1934 Виница-шампион во Трета лига-Исток!

Во неделата Слога 1934 во Зрновци ја завери шампионската титула во Третата Македонска фудбалска лига-Исток. Овој пат со комибиниран состав совладана беше екипата на Светлост од Зрновци со резултат 0:2. Стрелци на головите беа Исљам и Воинов. Со оваа победа Слога 1934 по 14 одиграни кола на табелата има плус 15 бодови во однос на второпласираната Брегалница 1926 од Делчево, што е недостижна бодовна разлика на 4 кола до крајот на сезоната. Со освојувањето на првото место во Трета лига-Исток остварена е првата цел и обезбеден е бараж за втора лига.