Општина Виница започна со регулација и партерно уредување на Виничка река

Денес започнаа градежните активности за регулација на речното корито на Виничка река објави Градоначалникот Миле Петков. Со проектот е опфатено регулација на речното корито во должина од 500 метри со изградба на кејски ѕид од ѕидан камен, како и партерно уредување од двете страни на Виничка река, односно поплочување на тротоарите и поставување на урбана опрема, клупи и канти за отпадоци. Финансиските средства за овој проект се обезбедени преку повикот на Владата за инфраструктурни проекти наменети за општините во Република Македонија.