Општина Виница започна со изградба на патот од црквата Св. Илија до манастирот Св.Ѓорѓи во село Блатец

Денес од официјалната ФБ страница на Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков објавија дека започнале со земјените работи и припреми за асфалтирање на патот од црквата Св. Илија до манастирот Св.Ѓорѓи во село Блатец. И овој проект е финансиран со средства од Буџетот на Општина Виница. После асфалтирање на овој пат од општината веќе најавија дека ќе продолжат со пролетната офанзива во село Лески, каде ќе биде реконструиран и проширен влезот во самото село.