Асфалтирање на улица „Македонска“ во Виница

Како што објави Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков на социјалните мрежи, во текот на вчерашниот ден се асфалтираше уште една улица во Ромско Маало во Виница, тоа е дел од улицата „Македонска“. Финансиските средства за реконструкцијата на оваа улица 50% се обезбедени од Буџетот на Општина Виница, а 50% од Буџетот на Министерството за транспорт за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.