Петнаесетгодишната Јана Тасева од Виница победи на „Angel Voice“ во Белград!

0

Јана Тасева ја претстави Виница и Македонија на најдобро можно ниво освојувајќи две награди на меѓународниот фестивал Angel Voice што се одржа во Белград. Јана го освои првото место во категоријата Теен1 со 98 поени и главната Гранд При награда на фестивалот, Grand Prix Teen 2025. Таа на сцената настапи со песните „Никогаш не вели никогаш“ од Антониа Гиговска и „Ако згрешам нека изгорам“, со што ја покажа својата музичка зрелост и харизма на сцена, на фестивалот кој годинава собра над 430 млади уметници од целиот свет. Јана е ученичка во 9то одделение во ОУ Славчо Стојменски од Виница, и од своја 5 годишна возраст свири на акустична и бас гитара, свири клавир, пее како и црта во слободно време. Јана е веќе гордост на Виница, а заедно со својот учител и ментор Гоце Данилов одлично ја претставија Македонија и македонската музика на пошироката сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *