Општина Виница подготвува документацијата за уште многу капитални проекти во вредност од 4 милиони евра, кои ќе бидат аплицирани до Владата во наредните две години

Денес поднесовме дополнителни 10 апликации за инфраструктурни проекти на вториот владин повик за поддршка на општините. Целосно е подготвена и доставена документацијата за следниве проекти:
️Целосна реконструкција на сите детски игралишта во Виница
Партерно и хортикултурно уредување на просторот околу новиот градски пазар
️Реконструкција на улица „Пролетерска“ во Виница
️Реконструкција на улица „Раде Кратовче“ во Виница
️Реконструкција на улица „Кочо Рацин“ во Виница
️Реконструкција на улица „Ѓорче Петров“ во Виница
️Изградба на “Улица 4” во с.Јакимово
Реконструкција на главната улица во с.Градец
Изградба на улица во с.Блатец
Реконструкција на кровот на основното училиштето „Никола Парапунов“ во с.Драгобраште
Претходно веќе аплициравме и за следниве 6 проекти:
Ново, модерно и сензорно осветлување на просторот во градскиот парк и пред градскиот стадион
Реконструкција на кровот на административната зграда на Општина Виница и поставување систем за ладење и греење во „Сината Сала“
Реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на ул. „Ванчо Прке“ во Виница
Реконструкција на улица „Ванчо Прке“ во Виница
Довршување на локалниот општински пат Блатец-Детлово во должина од 2,5 километри
Регулација на Кајанечки дол во с.Истибања
Дополнително, во подготовка е документацијата за уште многу капитални проекти во вредност од 4 милиони евра, кои ќе бидат аплицирани во наредните две години и ќе бидат од големо значење за граѓаните и развојот на Општина Виница.
Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка за локалните самоуправи во државата.