Петнаесетгодишник од с.Блатец со мопед удрил во дете. Потребни ли се засилени контроли од МВР Виница на мотоциклистите!?

0

На Први Мај во вечерните часови во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од МВР Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *