Јована Насева втора на државниот натпревар вокални солисти

Од ООУ „Гоце Делчев“ Виница вчера објавија дека нивната ученичка од девето одделение Јована Насева постигнала одличен резултат на државниот натпревар вокални солисти кој се одржал во Свети Николе. Јована во големата конкуренција го освоила второто место, со што во најдобро можно светло ги преставила училиштето „Гоце Делчев“ и Виница.