Се интензивираат градежните работи за проектот Дорегулација на Градечка река

Според предвидената динамика се одвиваат градежните работи на проектот Дорегулација на Градечка река во горниот дел на реката во Виница, објави на социјалните мрежи Градоначалникот, Миле Петков. Со завршување на овој проект, со кој се планира уредување на мајор корито во должина од околу 300 метри и минор корито во должина од околу 700 метри, целосно ќе се заврши со регулација на речното корито на Градечка река кое поминува низ градот. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Програмата за користење на капитални дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините на Владата на Република Македонија.