Фирмите со најголем профит, приходи и број на вработени во Виница за 2024 година

0

Порталот Фактор направи анализа на фирмите во Виница и Кочани кои беа најуспешни минатата година. Па така фирма кој остварила најголем профит за 2024 година во Виница е „Макпрогрес“-Виница со 2,3 милиони евра, на второ и трето место се „Дади Оил“ која е фирма-ќерка на „Дади Компани“ со 2,18 милиони евра и „Термостил Даниел“ од с.Блатец со 1,3 милиони евра. Во првите 5 по остварен профит се уште и „Мебел Ви“-Виница со 0,61 милиони евра и „Ирибов МК“ со 0,54 милиони евра. Убедливо највеќе приходи оствариле „Дади Оил“ и нејзината фирма мајка „Дади Компани“, кои заедно оствариле приходи во износ од 165,3 милиони евра, на второто место е „Макпрогрес“ со 35,8 милиони евра, потоа следуваат „Винербергер“ со 8,4 милиони евра, „Мебел Ви“ со 7,8 милиони евра, „Ирибов МК“ со 6,7 милиони евра и „Термостил Даниел“ со 5,8 милиони евра. Фирма кој има највеќе вработение е „Макпрогрес“ со 500 вработени, потоа следуваат „Ирибов МК“ со 281 вработен, „Мебел Ви“ со 141 вработен и „Винербергер“ со 106 вработени. Убедливо најголема копманија по број на вработени, остварен профит и приход во Виница и Кочани е сепак кочанската „Амфенол“ со остварен приход за 2024 година од 178,6 милиони евра, чист профит 6,7 милиони евра и со неверојатни за овој регион 3.053 вработени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *