Музеј „Теракота“ – Виница избран за Музеј на годината за 2024 година во категорија – Мегународен проект

На свечената церемонија на ИКОМ Македонија, одржана на 22 мај 2025 година во просториите на Националната галерија – Чифте амам, Скопје, Музеј Теракота – Виница беше добитник на три награди. Првата е Музеј на годината за 2024 година во категорија – Мегународен проект за изложбите „Теракотните икони од Виничко Кале“ во Подгорица и Будва во Црна Гора 2024 година. Втората е Проект на годината „Едукативна ликовна колонија со лицата со посебни потреби од Виница“, автор Благица Стојанова – советник кустос археолог и третата е Музејски работник на годината на Јулијана Иванова – советник кустос археолог.