Меѓународна изложба на фотографии во Виница на ЈУ „Музеи и галерии“-Подгорица

Музеј „Теракота“-Виница со покана до виничката публика на изложба на фотографии насловена „Допир на огнот“-приказна за стаклото од музејските збирки во Црна Гора на ЈУ „Музеи и галерии“-Подгорица. Изложбата е закажана за 28.05.2025 година (среда) од 12:00 часот во Изложбениот салон на Дом на културата „Тошо Арсов“-Виница