Интегрален текст од прес – конференцијата на ВМРО ДПМНЕ ОК Виница

0

Почитувани сограѓани, Длабоко навлеговме во четвртата година од мандатот кој Вие граѓаните ни го доверивте да ја водиме Oпштина Виница. Речиси 4 години без било каков сомнеж за криминал и корупција, без непотизам и клиентелизам, домаќински и одговорно, покажавме дека може поинаку, дека работиме единствено во интерес на Вас граѓаните. Но не беше ни малку лесно. Се соочивме со доста предизвици. Најпрво постковид криза, а потоа и голема енергетско-економска криза, како и 2 ипол години централна власт на СДСМ, која немаше слух и еднаков третман за општините. И покрај ова успеавме да реализираме огромен број на проекти кои ги ветивме, а дел од нив не ги ветивме, а успеавме да ги реализираме. Ќе набројам само дел од нив: -Целосна реконструкција на Кино салата -Реконструкција на Сината Сала при Домот на култура „Тошо Арсов“ -Кошаркаско игралиште и теретана на отворено -Термоизолациона фасада и поставување лифт во општинската зграда -Исчистена и затворена е градската депонија во с.Лески и сите други диви депонии на територијата на Општина Виница -Набавени се возило за собирање отпад и возило за метење и одржување на јавна хигиена за потребите на ЈП „Солидарност“ -Обезбедени се две противпожарни возила за потребите на ТППЕ Виница -Во завршна фаза е изградбата на новиот градски пазар -Во тек е дорегулација на Градечка и Виничка река -Асфалтиравме рекорден број на улици во Виница и населените места, реконструирани и асфалтирани се улиците „Никола Карев“, „Ангел Винички“, „Кирил и Методиј“, „Славчо Стојменски“, „Климент Охридски“, „Раде Кончар“, „Даме Груев“, „Љупчо Сантов“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Стив Наумов“, „Борис Кидрич“, „Македонска“ и „Иво Лола Рибар“, како и темелно асфалтирање на сите фреквентни раскрсници во Виница -Асфалтирани се 4 улици во с.Градец, 1 во Населба Градец, 3 во с.Блатец, асфалтиран е центарот и поплочени се 3 улици во с.Истибања, асфалтиран е центарот и 1 улица во с.Пеклањи, 1 улица во с.Крушево, главната улица во с.Липец, поплочени се 2 улици и изграден е тротоар на влезот во с.Јакимово -Асфалтиран е локалниот пат Блатец-Детлово во должина од 3 километри -Реконструирана е водоводната мрежа на дел од ул. „Иво Лола Рибар“, ул. „Партизанска“, ул. „Христо Узунов“, ул. „Григор Прличев“, дел од ул. „Маршал Тито“, ул. „Ванчо Прке“ и ул. „11 Октомври“ во Виница -Изградивме дел од канализационата мрежа во с.Липец и уште многу други проекти. Почитувани, Најдоброто допрва доаѓа со новата Влада на ВМРО ДПМНЕ, која како никогаш до сега во историјата финасиски ги помага општините. Веќе аплициравме за капитални проекти во износ од 2 милиони евра, кои очекуваме оваа година да се реализираат, а спремаме документација за нови проекти во вредност од 4 милиони евра кои треба да ги добиеме во следните 2 години и кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани на Општина Виница. Дарко Јангелов, ВМРО ДПМНЕ ОК Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *