Рекордни 31 ученик од Општина Виница освоиле награда на државен натпревар оваа учебна година

0

Денес 31 ученик и 20 нивни ментори добија пофалници и вредносни ваучери од 2000 денари од Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков за освоените први, втори и трети места на државните натпревари во Македонија. Оваа активност општината ја воведе пред две години се со цел да се мотивираат учениците за уште поголеми успеси. Бројот на наградени ученици од година во година расте, па така пред 2 години бројката на наградени ученици и ментори беше 12, а денес таа изнесува вкупно 51 награден ученик и ментори, кои имаат постигнато високи резултати на државните натпревари. Ученици кои добија награди на државни натпревари се Диана Анакиева, Јана Тасева, Деа Иванова, Љупка Спасевска, Јована Данева, Ива Костадинова, Ива Методиева, Кети Јовановиќ, Давид Спасов, Клара Лазарова, Ева Спасова, Никола Петровски, Андреа Ѓорѓиев, Горијан Алексов, Итан Ампов, Теодора Трајчевска, Викторија Стоименова, Жанета Димитрова, Јована Насева, Андреа Таскова, Викторија Стоименова, Нина Ѓорѓиевска, Илијана Стоилковска, Давид Сапасов, Благој Филипов, Леонард Митев, Јана Ефтимова, Љупка Иванова, Даниел Миленков, Мила Стоименова и Викторија Петрова. Под менторство на наставниците Маја Лазарова, Ивана Н. Каранфилов, Марина Спасова, Билјана Стоилкова, Стојче Петровски, Емилија Наумова, Златко Ампов, Тина Петрова, Славица Цонева, Голубинка Филипова, Валентина Блажева, Игор Насев, Нада Тасева, Гоце Данилов, Тодорка Ефтимова, Миливој Симионов, Крстова Даниела, Елизабета Димитрова, Кристина Хралампиева и Даниела Ристова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *