Реконструкција и проширување на влезот во село Лески

Општина Виница денес започна со реализација на уште еден инфраструктурен проект. Овој пат станува збор за целосна реконструкција и проширување на влезот во село Лески во должина од 600 метри. Финансиските средства за овој проект како што информираат од општината се обезбедени од општинскиот буџет.